Баерн Минхен ја одреди цената за Дејвис, на потег е Реал Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алфонсо Дејвис на крајот на сезоната ќе замине од Баерн Минхен, а како негова следна дестинација се споменува Реал Мадрид.

Овој 23-годишен лев бек игра одлично за баварскиот тим веќе неколку години, а имаше договор со Баерн до 2025, меѓутоа не сака да ја продолжи соработката и затоа ќе замине од тимот.

Актуелниот германски шампион за услугите на Дејвис ќе побара околу 70 милиони евра, а тоа е прифатливо за „кралевите“ кои сакаат да ја засилат својата одбрана.

Реал Мадрид претходно влезе во преговори со Килијан Мбапе и се наоѓа блиску до потпис на договор.