Баерн Минхен ќе биде ослабен во реваншот со Реал Мадрид

Поранешниот германски шампион Баерн Минхен доби лоши вести пред дербито против Реал Мадрид во Лигата на шампиони (ЛШ).

Рафаел Гереро се повреди и нема да биде во конкуренција за средбата со Реал Мадрид, а најверојатно за него веќе е завршена сезоната.

Реваншот во Мадрид се игра в среда од 21 часот, откако првиот натпревар меѓу екипите заврши нерешено (2-2).

Баерн веќе ја загуби титулата во Бундеслигата, а не се прослави ниту во германскиот Куп, па ЛШ е единствена шанса каде што се бори за пехар.