Баерн Минхен опасно се доближи до титулата во Бундеслигата откако славеше на средбата со Борусија Дортмунд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Баерн Минхен славеше важна победа на гостувањето на „Сигнал Идуна Парк“ кај Борусија Дортмунд.

„Баварците“ победија со 1:0, а единствениот погодок на средбата падна во финишот на првиот дел кога Џошуа Кимих на одличен начин го матираше Роман Бурки.

Со оваа победа Баерн Минхен се одлепи на плус седум во однос на Борусија Дортмунд и опасно се доближи до титулата во германскиот шампионат.

До крајот на сезоната во Бундеслигата остануваат уште седум кола во кои Баерн Минхен на два пати треба да киксира за Борусија да може да се искачи на врвот на табелата.