Баерн Минхен по стариот рецепт – краде една од ѕвездите на Леверкузен


Турскиот "Роналдо" го предизвикува Кристијано! ↓↓↓


Поранешниот германски шампион Баерн Минхен ги договорил личните услови со Џонатан Тах од Баер Леверкузен и ќе продолжи со истиот рецепт од минатото да ги краде најдобрите фудбалери од ривалите.

Новинарот Флоријан Плетенбург објави дека германскиот репрезентативец летово ќе го засили гигантот од Минхен, а Леверкузен ќе заработи 40 милиони евра за трансферот.

Шампионот планира да искористи дел од парите за да го откупи договорот на Јосип Станишиќ, кој играше како позајмен играч во Леверкузен.