Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
Во Минхен веќе неколку недели главна тема е Флоријан Вирц бидејќи Баерн на сите начини се обидува да го доведе играчот на Баер Леверкузен во своите редови. Но, Вирц не е единствената ѕвезда која ја посакуваат Баварците, бидејќи се појави информација дека пристига и жестока конкуренција за Хари Кејн на врвот на нападот.
Иако многумина мислеа дека Флоријан Вирц ќе ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, тој според германските медиуми одлучи дека уште не сака да оди во странство и според сето судејќи, ќе потпише договор со Баерн.
Во приказната се вклучи пред околу десетина дена и Ливерпул, но јасно е дека Баварците имаат предност и изгледа дека оваа работа е решена.
Сепак, германските медиуми носат уште една „бомба“ и тврдат дека Вирц не е најзвучното засилување кое Баерн сака да го доведе, бидејќи раководството на минхенскиот клуб има уште еден оптимистички план.
Наводно, тоа е Хулијан Алварез кој зад себе има фантастична сезона во Атлетико Мадрид, но иако претседателот на овој клуб Енрике Серезо изјави дека не е на продажба, медиумите во Германија и Шпанија пишуваат дека би размислил доколку некој понуди повеќе од 100 милиони евра.
Фото: Принтскрин