Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германскиот гигант потпиша договор со 20-годишниот Рајан Гравенбах, кој доаѓа од редовите на Ајакс и ќе остане во Баерн Минхен до 2027 година.
Гравенбах беше претставен во друштво на спортскиот директор на екипата, Хасан Салихамиџиќ, кој го пофали новото засилување на Баварците и кажа дека е опасен пред противничкиот гол.
„Кога стигна понудата од Баерн, не морав долго да размислувам за тоа. Баерн е еден од најголемите клубови во светот и сите сакаат да играат за него. Доаѓам во Минхен за да освојам многу титули. Сè е можно со овој клуб“, вели Гравенбах.
Гравенбах за првиот тим на Ајакс дебитираше во 2018/19, а досега запиша 103 настапи и 12 голови за тимот.