„Баерн Минхен, Реал Мадрид, Барселона и Манчестер сити – тоа се опциите на Халанд!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Норвешкото чудо од дете Ерлинг Халанд би можел на лето да стане фудбалер на Баерн Минхен, Реал Мадрид, Барселона или Манчестер сити, барем така кажа неговиот менаџер Мино Рајола.

Долго време се зборува за трансфер на младиот норвешки фудбалер од Борусија, а за 21-годишниот играч се заинтересирани најголемите европски гиганти.

„Можеби ќе замине следното лето, а можеби по следното. Сепак, поголема е шансата Ерлинг наскоро да го промени клубот. Баерн, Реал, Барселона и Сити се тимовите кои би можел да ги засили. Кога потпиша со Борусија, сите знаевме дека ова ќе се случи“, вели Рајола.

Контроверниот менаџер додаде дека е воодушевен од напорите на раководството од Дортмунд да го задржи Халанд во екипата.

„Кога ќе ја видите страста на луѓето во Дортмунд, ќе се воодушевите. Сите играчи го сакаат тоа, а Ерлинг исто така“, објаснува менаџерот.