Баерн Минхен се пласираше во четвртфиналето во купот по драматичната победа над Хофенхајм


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипите на Баерн Минхен и Хофенхајм одиграа одличен натпревеар во рамките од осминафиналето од Германскиот куп.

„Баварците“ славеа драматична победа од 4:3 иако на само десет минути до крајот на натпреварот имаа убедливо водство од 4:1.

Хофенхајм поведе со автоголот на Боатенг во 8. минута, а во 13. минута беше постигнат нов автогол. Овој пати Хубнер си ја затресе сопствената мрежа за израмнување на резултатот.

Во 21. минута Милер и во 36. минута Левандовски погодија за водство на Баерн од 3:1, резултат со кој се замина на полувреме.

Во 80. минута Левандоски погоди за 4:1 и многумина мислеа дека Баерн мирно ќе го приведе кон крајот. Дабур во 82. минута намали на 4:2, а истот играч во 92. погоди и за 4:3 за колку толку неизвесна завршница на натпреварот.