Баерн Минхен си најде ново засилување во Менхенгладбах


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Швајцарскиот репрезентативец и фудбалер на Борусија Менхенгладбах, Денис Закарија би можел да го напушти неговиот тим и да се пресели во актуелниот шампион Баерн Минхен.

Добрите настапи на фудбалерот во минатата сезона привлекоа интерес од многу екипи, а еден од нив е токму баварскиот гигант, кој подготвува понуда за Закарија.

Баерн, наводно, го контактирал агентот на швајцарскиот репрезентативец и трансферот е планиран за лето, а наводно фудбалерот е подготвен да го засили шампионот.

Да потсетиме, Закарија ја почна кариерата во Швајцарија, каде што настапуваше за Јанг бојс, а потоа во 2017 година пристигна во Борусија.