Баерн Минхен со понуда од 250 милиони евра ќе „лови“ ѕвезда на Баер Леверкузен


Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


Еден од најталентираните европски фудбалери, Флоријан Вирц, би можел ова лето да го напушти Баер Леверкузен и да премине во редовите на најголемиот ривал – Баерн Минхен – со рекорден трансфер за германскиот фудбал.

Како што пренесуваат бројни германски и европски медиуми, Баерн Минхен подготви понуда што ниту Леверкузен, ниту Вирц, нема да можат да ја одбијат. Се работи за вкупно 250 милиони евра – од кои 125 милиони за обештетувањето, додека втората половина е наменета за петгодишен договор вреден 25 милиони по сезона.

Доколку овој трансфер се реализира, Флоријан Вирц ќе стане најплатениот фудбалер на Бајерн, рамо до рамо со Хари Кејн, а зад себе ќе ги остави и останатите ѕвезди како Џамал Мусиала, Џошуа Кимих, Лерој Сане и Серж Гнабри.

Со ова Баерн би го срушил својот сопствен рекорд кога станува збор за дојдовни трансфери – Англичанецот Хари Кејн беше доведен во 2023 година за 95 милиони евра.