Баерн Минхен со реакција по шпекулациите за заминување на Хари Кејн


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Баерн се огласи за иднината на својот напаѓач Хари Кејн откако се појавија гласини за негов можен враќање во Премиер лигата. Кејн пристигна во минхенскиот клуб во летото 2023 година со репутација на одличен напаѓач, но и играч кој никогаш во кариерата не освоил титула досега.

Гигантот го врати трофејот на најдобар германски тим, а Кејн во тоа учествуваше како најдобар стрелец на лигата. Постигна 24 гола и подели девет асистенции во 29 одиграни натпревари за неговиот прв трофеј во кариерата.

Најдобрите години Кејн ги даде на Тотенхем, за кој, освен некои позајмици на почетокот на кариерата, играше од 2010 до 2023 година. Вкупно за лондонскиот клуб собра 435 настапи и во нив постигна 280 гола и запиша 62 асистенции. Со Тотенхем беше финалист на Лигата на шампионите (2018/19) и двапати финалист на ЕФЛ купот.

Дали Кејн следната година ќе се обиде да ја одбрани титулата со Бајерн стана прашање кое почна да се провлекува низ германските медиуми. Ако му се верува на спортскиот директор на клубот Кристоф Фројнд, Кејн и следната сезона ќе постигнува голови во Германија. Тоа го најави и самиот напаѓач.

Фотографија: Бајерн Минхен