Баерн Минхен влезе во трката за непосакуваниот фудбалер на Барселона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот весник близок до Барселона, „Мундо Депортиво“ пренесува дека нов клуб се приклучил во трката за Фелипе Кутињо.

Бразилецот не е во првите планови на Ернесто Валверде и веќе се пишуваше дека тој ќе си замине од клубот, меѓутоа пропаднаа неколкуте обиди тој да заврши на Островот.

Сега главен фаворит за неговиот потпис е ПСЖ затоа што Кутињо би можел да биде вметнат во евентуалните преговори за ангажман на Нејмар, меѓутоа „Мундо Депортиво“ пишува дека и Баерн Минхен се распрашувал за играчот.

„Баварците“ се уште не донесоа адекватни, големи засилувања кои ќе ги заменат Рибери и Робен, а Кутињо би бил идеално решение за тоа.