Баерн му предлага трампа на Манчестер Сити: Нуди еден играч за Сане


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Баерн Минхен не планира да се откаже од намерата за ангажман на Лерој Сане кој оваа сезона се уште нема настап во дресот на „граѓаните“ поради тешка повреда добиена уште на натпреварот против Ливерпул во рамките од Комјунити Шилд.

„Билд“ пишува дека Баерн Минхен е подготвен да го понуди Давид Алаба со цел да го обезбеди потписот на крилниот фудбалер на Манчестер Сити.

Сепак, се уште не е јасно дали австрискиот лев бек е подготвен да направи трансфер на „Етихад“ со оглед на фактот што за него се интересираат и Реал Мадрид и Барселона.