Баерн најде замена за Нoeр и Левандовски


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Баерн Минхен наводно најде замена за Мануел Ноер и Роберт Левандовски.

Како што тврди Дејли Мејл, на пат кон Минхен може да тргнат 17-годишниот напаѓач на Тотенхем Тони Парот и 22-годишниот голман Дин Хендерсон.

Парот важи за посебно голем талент. Со само 17 години тој дебитираше за сениорската селекција на Република Ирска, а во младинските категории тој едноставно е незапирлив.

Баерн покажа огромен интерес за овој фудбалер. Ќе се обиде да го ангажира наредното лето, а го гледаат како голем проект за во иднина и како замена за Роберт Левандовски.

Договорот на Парот со Тотенхем истекува во 2021. година и сигурно е дека лондонскиот тим ќе биде во големо искушение ако пристигне понуда од Минхен.

Како замена за Ноер можно е да пристигне голманот на Манчестер Јунајтед – Дин Хендерсон. Се работи за доста квалитетен голман кој моментално е на позајмица во Шефилд Јунајтед и кој се смета за иден број „еден“ за репрезентацијата на Англија.