Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ќе биде речиси невозможно откупувањето на Николас Џексон да стане задолжително.
Денес конечно излегоа сите детали од договорот помеѓу Баерн Минхен и Челси. Досега се знаеше дека Баерн за едногодишна позајмица плати дури 16.500.000 евра, и дека во случај на одредени минути и одиграни натпревари, ќе мора да го откупи Џексон за дополнителни 65.000.000 евра.
Но, така нешто ќе биде речиси невозможно. Надежни извори открија денес дека условот Баерн задолжително да го активира откупот е Џексон да одигра 40 натпревари, во кои не се вклучени натпреварите од Купот на Германија.
Како што веќе се одиграни две кола од Бундеслигата, остануваат уште 32 натпревари на кои Џексон може да добие минути, додека максималниот број во Лигата на шампионите е 17, под услов Баерн да стигне до финалето, а претходно да биде во плејофот, од 9 до 24 место. Ако Баерн е меѓу првите осум во групната фаза, тогаш максималниот број натпревари во ЛШ е 15, односно до крајот на сезоната со Бундеслигата – 47.