Баерн подготвува понуда за Сане откако ги договорил личните услови со играчот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Баерн Минхен подготвува понуда за фудбалерот на Манчестер Сити, Лерој Сане со кого се договориле за неговите лични примања пред неколку денови.

„Билд“ пренесе дека германскиот интернационалец се согласил за трансфер во Баерн Минхен, па сега на ред се клубовите да се договорат за обесштетувањет.

„Дејли Мирор“ пишува дека Баерн Минхен подготвува понуда во висина од 35 милиони фунти која ќе ја испрати до Манчестер Сити. Јасно е дека цената на Сане поради финансиската криза, па и поради неговото неиграње цела сезона драстично опадна, па Баерн би можел да ги задоволи апетитите на Сити со ваквата понуда.