Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради пандемијата на коронавирус, Бундеслигата се уште е на пауза.
Сè е стопирано и некои клубови сакаат да започнат со тренинзи.
Кикер известува дека Баерн Минхен чека дозвола од баварските власти да ги собере играчите следната недела.
Планот е на фудбалерите да работат во групи од четири играчи, сите ќе тренираат на различни терени.
Со тоа би се намалила можноста од заразување, но големото прашање е кој ќе биде одговорот на надлежните.
Баерн е лидер во Бундеслигата со 55 бода, четири повеќе од Борусија Дортмунд и пет во Лајпциг.
Баварците веруваат дека првенството за оваа сезона ќе продолжи и на крајот ќе слават нова титула.