Баерн си ја заврши работата уште во Лондон, со 3:0 го декласираше Челси (Видео)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Може да се каже дека екипата на Баерн Минхен е првиот патник во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Причината за тоа е убедливата победа на „Стемфорд Бриџ“ против Челси со резултат 0:3.

„Баварците“ до победата стигнаа во вториот дел кога најпрво следеше еден блицкриг на Серж Гнабри кој погоди во 51. и 54. минута и двата пати на асистенција на Левандовски.

Третиот погодок го постигна токму Роберт Левандовски со гол постигнат во 76. минута од натпреварот.