Баерн тоне во голема криза: Ковач „брка“ една од легендите на клубот!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германски „Билд“ пишува дека напаѓачот Томас Милер би можел да го напушти Баерн Минхен, зашто не е задоволен од соработката со тренерот Нико Ковач.

Фудбалерот, наводно, е незадоволен поради тоа што хрватскиот експерт не му дава голема шанса на натпреварите на Баерн, на кои на последните пет меча одигра само 66 минути и се наоѓа во втор план.

Германските медиуми пишуваат дека Милер планира да побара трансфер доколку наскоро не се промени неговата ситуација на подобро, но според првите проценки, тешко би можело да се случи такво нешто.

Милер настапува за Баварците од 2008 година, а досега настапи на 325 меча за германскиот гигант и притоа постигна 110 голови.