Баерн во Англија го најде наследникот на Нојер и ќе плати 72 милиони евра


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Баерн подготви понуда тешка 60 милиони фунти (околу 72 милиони евра) за Барт Вербруген, голманот на Брајтон. Во клубот од Минхен гледаат во него наследник на Мануел Нојер (39). Нојер има договор и за следната сезона. Вербруген одбрани за Брајтон на 57 натпревари. Во 14 од нив ја зачува мрежата недопрена, а прими 76 голови.

Како што наведува „Телеграф“, во Баерн се подготвуваат за „живот по Нојер“ и бараат голман кој има квалитет да биде достојна замена на легендата на клубот и германската репрезентација. Вербруген е висок 194 см, 22-годишник кој е со договор врзан со Брајтон до летото 2028.

Во англискиот клуб дојде во јули 2023 година со трансфер од Андерлехт. Тој трансфер беше вреден околу 19 милиони евра па се очекува дека Брајтон добро ќе заработи од својот и прв голман на холандската репрезентација.