Баерн загуби два бода, но и Хари Кејн – Англичанецот е повреден, колку ќе паузира?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хари Кејн поради повреда мораше да го напушти натпреварот на Баерн против Баер Леверкузен пред последниот судиски свиреж. Повредата не е сериозна, но може да пропушти еден или два натпревари.

Во рамките на 5. коло на германската Бундеслига синоќа во Минхен се сретнаа Баерн и Баер Леверкузен и ги поделија бодови откако одиграа 1-1.

Првакот на Германија дојде до предност во 31. минута, но осум минути подоцна Павловиќ со еврогол донесе израмнување и на крајот бод за Баерн.

Баварците во второто полувреме повеќе напаѓаа и беа поблиску до целосен плен, но не успеаја да го совладаат Храдецки на голот на „фармацевтите“.

На отворањето на вториот дел Гнабри во една акција ја погоди стативата па пречката, додека Храдецки подоцна запре одлична шанса на Олисе.

Пред крајот на натпреварот, по еден дуел на сопствената половина, Хари Кејн остана да лежи на теренот и мораше да го напушти натпреварот.

Наместо него, на теренот влезе Томас Милер, а сега пристигнаа информации за тежината на повредата на англиската гол машина.

„Гол“ објави дека медицинскиот тим на Баерн верува дека Kane би можел да се врати за наредниот натпревар, но постои голема можност тоа да не се случи.

Во неделата што претстои, Баерн во Лигата на шампионите ќе гостува во Бирмингем кај Астон Вила и на тој натпревар се очекува да биде без услугите на Кејн.

„Не сум доктор, но се надевам дека можеби ќе биде подготвен за дуелот во среда“, рече тренерот на Баерн, Винсент Компани.