Баернизацијата на Јувентус во Италија – Каде старата дама ќе помине, тука ниту трева не расте


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како работите сега стојат, не чека досадна сезона во Серија А, но затоа во ЛШ и оние најголемите како Баерн, Реал и Барселона ќе мораат повторно да се плашат од Јувентус.

Јувентус е газда во италијанскиот фудбал пет години и тоа не е некоја новост, но она што старата дама го направи во овој летен преоден рок може да се нарече апсолутна доминација и уништување на ривалите на Апенините. Се разбира дека е слично на она што Баерн немилосрдно му ги прави на противниците во германската Бундеслига од сезона во сезона.

И во овој преоден рок Јувентус и неговиот агилен оперативец, Бепе Марота ја покажа својата моќ. Заради тоа не треба да не чуди што Јувентус ќе биде уште поомразен кај навивачите на противничките клубови во Серија А.

 

Од друга страна, тоа нема многу да го стреси тимот кои се навикнаа на слични ситуации, но и успеси во домашното првенство. Минатата година Јувентус стигна до финалето во ЛШ, но тогаш го положи оружјето пред Барселона.

И затоа Јувентус и Марота решија да ја разбијат банката ова лето и да го соберат она најдоброто што го има во Италија, а потоа заблагодарувајќи на продажбата на Пол Погба како и неколку други фудбалери кои се отпишани тој шопинг нема да се почувствува на сметката на италијанскиот клуб.

Јувентус доминацијата на чизмата ја потврди со доведувањето на голгетерот Гонзало Игуаин и тоа од најголемиот конкурент за титулата, Наполи. И тоа за рекордна сума од 90 милиони евра! Игуаин во меѓувреме стана persona non grata, неговите дресови се полни со шољите во вц-њата во градот под Везув, а каков пречек ќе му спремаат следната сезона на Сан Паоло останува да видиме. Ако со Јувентус освои ЛШ и некои домашни трофеи, Игуаин релативно брзо и лесно ќе ги заборави заканите.

 

Пред доаѓањето на Игуаин, торинскиот гигант хегемонијата во Италија ја демонстрираше и со доведувањето на еден од најдобрите фудбалери на уште еден голем ривал, Миралем Пјаниќ од Рома. Ниту во неговиот случај старата дама не штедеше бидејќи плати 35 милиони евра за Босанецот. Се работи за фудбалер кој минатата сезона учествуваше во 22 погодоци на Рома.

Јувентус ниту одбраната не ја изостави во овој преоден рок. Прво беше одбиен сериозниот напад на Леонардо Бонучи од Манчестер Сити, а доведе засилување од Барселона и Баерн Минхен – Дани Алвеш и Мехди Бенатија. Се разбира дека осовината на одбраната покрај Бонучи ја сочинуваат Џорџо Киелини и Андреа Барзаљи.

 

Исто така шамар добија Наполи, Интер и Милан ова лето кога го доведоја Марко Пјаца. Сите споменати клубови беа заинтересирани за фудбалерот на Динамо Загреб, но на крајот се одлучи да стави потпис на договорот со Јувентус. Бразилецот Габриел Барбоса познат како Габигол или Немања Матиќ од Челси, победата на Јуве ќе биде потполна.

Рака на срце, ова не му е прв пат на Јувентус да купува се што чини во Италија, а нешто слично направи и минатото лето. Го доведе од Палермо, Паоло Дибала кој се покажа како полн погодок, а уште тогаш сопственикот Маурусијо Зампарини кажа дека може само да му го продаде на Јувентус. Исто така од Интер минатото лето беше доведен Ернанес и најдобриот фудбалер на Сасуоло, Симоне Заза.

Сите споменати примери се јасен доказ дека Јувентус точно 10 години од аферата Калчополи е посилен од секогаш, а оние кои профитираа во натпреварувачка смисла се далеку далеку зад старата дама. За жал навивачите на другите клубови немаат начин на кои би можеле да му се спротистават на старата дама во финансиска и организациона смисла, а посебно на теренот.