Бајден ќе ги прифати препораките: Ѓоковиќ не смее да игра на Ју-Ес опен?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ очекуваше да настапи на Ју-Ес Опен и Синсинати, но најверојатно и понатаму ќе биде потребна вакцина за влез во САД.

Ѓоковиќ одби да се вакцинира и тоа најверојатно значи дека не може да заигра на турнирите во САД, откако и на почетокот на годината пропушти неколку турнири поради истото правило.

Засега одлуката не е официјална, но се шпекулира дека ќе биде потврдена најдоцна до 11 мај, кога беше најавено дека ќе има промени во однос на забраната за влез на невакцинирани странски државјани.