Бака е во полоша ситуација дури и од Балотели


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Милан не му дозволи на Карлос Бака да патува во Соединетите Американски држави на подготовки.

Скај јавува декиа Милан се одлучи Бака да го остави дома, со што сака да покаже дека сака да го продаде, а Колумбиецот не сака да оди во Вест Хем, иако Росонерите веќе ја прифатија понудата на Чеканите.

Во Милан сега единствено сакаат да заработат на продажбата на Бака, но опцијата да замине во Вест Хем пропадна бидејќи играчот сака да игра во Лигата на шампионите и сака да се врати во Шпанија.

Бидејќи Кевин Гамерио ќе оди во Атлетико, постои можност Севиља да го купи Бака, но 18 милиони евра колку што се спремни да дадат Андалужаните, не е доволно за Милан, кој сака барем 30 милиони евра.