Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Карлос Бака го спореди Монтела со Михајловиќ.
„Сега ова се вистински тренинзи, конечно се забавуваме, а тоа во минатата година беше само трчање, како да се спремаме за Усеин Болт“, рече Колумбиецот, кој даде три гола на тимот на Михајловиќ во минатиот викенд.
„Ќе играме офанзивно, ќе има повеќе шанси да постигнам голови“, додаде Бака кој Милан сакаше да го продаде, но тој одби трансфер во Вест Хем.
„Не сакав таму, не поради клубот, веќе морам да мислам на фамилијата. Искрена личност сум, не сакам да го напуштам Милан и тоа го реков на Галијани. И одлучив да останам, мило ми е поради тоа. Сега тие шпекулации прекинаа, не се споменуваат повеќе дека ќе ме продадат и среќен сум поради тоа“, додаде Бака.
Со Монтела се е јасно.
„Беше и тој искрен, ме изостави од американската турнеја за да тренирам и да се спремам физички. Сега се тоа се исплатува“, заклучи Колумбиецот.