Бакајоко одби да влезе во игра и му порача на Гатузо да „одј*бе“!


Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓


Во текот на натпреварот помеѓу Милан и Болоња се видоа работи кои покажаа дека работите не функционираат баш најдобро на Сан Сиро.

Милан до крај ќе се бори за пласман во ЛШ, а доколку победат вечерва Росонерите, Аталанта ќе остане пред миланскиот клуб со 3 бода предност.

Но, се чини дека некои чудни работи се случуваат во соблекувалната на Милан, а тоа го покажа моментот кога Лукас Биља се повреди, па тренерот Гатузо му пријде на Бакајоко кој требаше да влезе во игра, но играчот го одби тоа наводно говорејќи „одј*би“, а тоа може да се види и на видеото.

„За ова ќе зборуваме подоцна“, му одговори инаку темпераментниот Рино, кој би можел да му одржи лекција на Бакајоко, кој судејќу според се ќе си оди од Милан, во кој дојде на позајмица од Челси.