Балак направи само една грешка во својата кариера за која денес жали


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот германски фудбалер Мајкл Балак ја заврши кариерата во летото 2012 година, но изјави дека се кае за едно нешто што го сторил.

Балак беше промовиран во Хемницер и од овој клуб замина во Кајзерслаутерн. Потоа, во летото 1999 година, тој потпиша за Баер Леверкузен, каде на најдобар начин се претстави пред фудбалската јавност.

Со одличните игри во Леверкузен го привлече вниманието на Баерн, каде замина во 2002 година. Но, по четири години потпиша за Челси каде играше четири сезони. Балак призна дека жали што го напуштил Плавите пред една деценија затоа што сакал да ја заврши кариерата во овој клуб.

Балак му истече договорот во летото 2010 година и Челси му понуди едно година продолжување на кое не се согласил. Германецот побара двегодишен договор, но политиката на клубот беше играчите над 30 години да добијат само едногодишен договор.

Клубот сакаше да останам, но одлуката беше на играчите над 30 години да им биде доделен само едногодишен договор. Сакав двегодишен договор, но не го добив. Денес можам да кажам дека можеби сум згрешил и требаше да останав барем уште една сезона. Никогаш не сонував дека ќе се вратам во Леверкузен и ќе ја завршам кариерата таму. Жал ми е што не се случи во Челси затоа што се надевав дека ќе останам во тој клуб до крајот “, рече Балак.