„Балотели нема да дојде во нашиот клуб, бидејќи парите му се на прво место“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот напаѓач Марио Балотели сеуште е без клуб откако му истече договорот со Марсеј.

Балотели во Марсеј одигра само пола година и на крај одлучи да не остане во овој клуб иако му понудија продолжување на соработката. Супер Марио сака да се врати во Италија бидејќи неколку клубови покажаа интерес за него.

Овој напаѓал најмногу се поврзуваше со преминување во Бреша која конечно се врати во Серија А. Меѓутоа, претседателот на овој клуб Масимо Селино изјави дека тоа веројатно нема да се случи.

Балотели е роден во Бреша и се очекуваше да дојде во овој клуб како големо засилување, но шансите се многу мали. Како што изјави Селино тој е изненаден што на прво место на Балотели му се парите.

„Навистина ми се допаѓа Балотели, но секогаш говорам дека тој повеќе ги покажува своите слабости отколку предности. Не можеме да си го дозволиме, бидејќи е прескап. Ако сака да дојде мора да се согласи на нашите услови, бидејќу не можеме да му понудиме многу. Парите му се на прво место, а не љубовта спрема клубот од неговиот роден град, како што многумина мислат“, изјави Селино.