Балотели оди на крајно неочекувана дестинација


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Судбината на Марио Балотели е уште повеќе и повеќе неизвесна, а секој ден се појавуваат нови шпекулации во врска за неговиот нов клуб.

После што се споменуваше премин во Наполи, кој пропадна, последна приказна која ја донесоа медиумите на Апенините е поврзана со Ајакс, кој наводно сака да ја ангажира некогашната ѕвезда на италијанскиот фудбал.

Балотели во Ајакс може да се придружи ако холандскиот гигант го помине 3 претколо, од плеј-офот за пласман во ЛШ.

Во спротивно, може да пропадне уште еден трансфер.

Да потсетиме, за Балотели интерес покажа и Пескара, но италијанскиот напаѓач лесно ја одби таа опција.