„Балотели, ова ти е последна шанса во кариерата!“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Италијанскиот напаѓач Марио Балотели беше слободен фудбалер и долго време се поврзуваше со тимови во кои може да ја продолжи кариерата, сепак изборот падна на второлигашот Монца.

Монца е во рацете на поранешните главни луѓе на Милан, Силвио Берлускони и Адријано Галијани. Тренер на тимот е Кристијан Броки, а дел од екипата е и Кевин Принс Боатенг.

Галијани беше среќен затоа што Балотели се вклучи во нивниот проект, па притоа испрати јасна порака дека ова му е последна шанса да си ја спаси кариерата.

„Имав разговор со Балотели и му кажав дека ова му е последна шанса. Јас навистина го сакам Марио, тој е играч со технички и физички квалитети“, вели  Галијани.

Балотели потпиша договор до крајот на годината, а има опција да ја продолжи соработката на уште една година.