Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Многумина очекуваа Марио Балотели да има одлична кариера, но неговото однесување на теренот и надвор од него скапо го чинеше.
Балотели во својата кариера направи голем број скандали кои го спречија да напредува во светот на фудбалот. На сите им е јасно дека беше добар фудбалер, но едноставно карактерот беше главен проблем.
Балотели пред почетокот на сезоната потпиша за Бреша и сите се надеваа дека конечно ќе биде малку посериозен, но и на свои 29 години се однесува како дете.
Пред неколку дена направи скандал, кога не се појави на тренинг, а подоцна се правдаше дека е болен, но тоа не му помина кај раководството на клубот.
Иако има договор до 2022 година, сепак неговата епизода во Бреша е завршена, а тоа го тврди и „Газета дело Спорт“, која објави дека Бреша ќе го раскине договорот со него.