Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Селекторот на италијанската репрезентација, Роберто Манчини планира во тимот да го повика напаѓачот на Адана Демирспор, Марио Балотели.
Балотели го одигра последниот меч за „аѕурите“ пред три години, а сега повторно ќе има шанса да го облече дресот на Италија.
Манчини планира да му даде уште една шанса и да го повика на подготовките кои ќе се одржат во следните недели за натпреварот против Македонија во баражот за Светското првенство (СП).
Италијанскиот селектор смета дека искусниот напаѓач, кој го тренираше и во Манчестер сити, ќе му биде од голема корист во репрезентацијата на „аѕурите“.