Барди доби негативен тест на ковид-19!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Енис Барди конечно го победи ковид-19 и доби негативен тест поради што може да им се приклучи на останатите соиграчи од репрезентацијата.

Барди потврди дека има негативен тест и слободно може да им се приклучи на останатите во тимот, а нема сомнеж дека со него нашата репрезентација ќе изгледа опасно на теренот.

Македонија за осум дена дебитира на Европското првенство (ЕП), а првиот меч го играме против Австрија на 13 јуни, а четири дена подоцна следи пресметка против Украина, додека на 21 јуни се игра со Холандија во Амстердам.

Барди долг период беше во самоизолација, откако доби позитивен тест пред да дојде од Леванте.