Барди ги предупреди Бугарите: Минатиот пат кога бев капитен, успеав да постигнам хет-трик…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Енис Барди ќе ја добие капитенската лента во отсуство на Стефан Ристовски на мечот против Бугарија, кој се игра утре од 18 часот во Разград.

Барди беше капитен во мундијалските квалификации против Ерменија, кога Македонија победи со 5-0, а тој постигна хет-трик, па сега ги предупреди Бугарите.

„Задоволство ми е да бидам капитен на Македонија, но сите во тимот помагаме за успесите на репрезентацијата. Последен пат кога бев капитен, постигнав хет-трик и победивме со 5-0“, кажа барди.

Ова е првиот од четирите меча кои ја очекуваат Македонија во следниот период.