Барди избран за најдобар странец во историјата на Леванте


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Енис Барди доби големо признание од страна на „Марка“, која го избра за најдобар странец во историјата на Леванте долга 111 години.

Барди не заигра за Македонија во дуелот против Грузија и Естонија поради повреда, но им даваше поддршка на македонските репрезентативци преку социјалните мрежи.

Барди веќе стигна до 100 натпревари за Леванте, а стана и најдобриот странски стрелец во историјата на шпанскиот клуб.

„Откако дојде во клубот во летото 2017 година, Барди се промовираше како странски стрелец во клубот со 19 погодоци, кои ги постигна во овој период.. Го мина Мустафа Рига, кој досега беше рекордер со 17 гола. Предминатата недела стигна до 100 меча во дресот на Леванте и тој е само деветиот играч кој успеал да стигне до троцифрен број на настапи во најсилната лига“, пишува шпанска „Марка“.