Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Енис Барди синоќа постигна два гола од белата точка против Атлетико Мадрид за реми на Леванте од 2-2.
Барди последниот гол за Леванте го постигна на 17 февруари, и тоа исто така против Атлетико Мадрид во ремито од 1-1.
„Среќен сум за освоениот бод затоа што влеговме во овој натпревар после една лоша серија. Покажавме дека сме живи и дека можеме со секого да освојуваме бодови. Горд сум на тимот и сета наша пожртвуваност. Најважно е да веруваме дека можеме да одиме напред. Сигурно дека овој бод ќе ни даде самодоверба, ова е нешто кое треба да биде пресвртница“, кажа Барди.
Фудбалерот на Леванте полека фаќа ритам пред последните натпревари од квалификациите за Светското првенство (СП) на Македонија против Ерменија и Исланд.