Барди му донесе триумф на Леванте, па порача: Со мојот гол добивме самодоверба! (ВИДЕО)


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Енис Барди беше одличен во денешниот меч и постигна погодок во победата против Еспањол од 3-1.

Барди го постигна голот за водство на неговиот тим од 2-1, а по мечот беше пресреќен поради неговиот настап и освоените три бода.

„Одигравме одличен натпревар, иако бевме под притисок, меѓутоа ја имавме контролата на топката. По натпреварите со Валенсија и Севиља ни беше јасно дека петте измени ќе донесат нешто добро. Мојот гол ја смири ситуацијата и ни донесе самодоверба. Сега пред нас е дуел со Атлетико Мадрид“, кажа Барди.