Барди постигна два гола за Трабзонспор: На терен се гледа кога си среќен (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Енис Барди вчера постигна два гола за Трабзонспор во победата од 5-1 против Касимпаша во турската Суперлига.

Турските медиуми постојано пишуваа во изминатиот период за заминување на Барди, кој блесна и ги замолче критичарите.

„Оваа сезона ја почнав подобро од претходната. Човек кога е среќен, тогаш тоа може да се забележи на теренот. Денеска покажавме дека сме добра екипа“, кажа Барди.

И тренерот Ненад Бјелица е среќен поради двата гола на македонскиот фудбалер.

„Барди постигна два гола, токму таков Енис ни треба“, вели Бјелица.