Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пишуваат за најголемите ѕвезди од Ла Лига кои летово можат бесплатно да го променат клубот, а еден од нив е македонскиот репрезентативец Енис Барди.
Барди пристигна во Леванте во 2017 година, но екипата се наоѓа на последната позиција на табелата и постои голема можност Македонецот да замине од тимот.
„Барди има слична вредност како Аднан Јанузај од 12 милиони евра и од јануари ќе може да преговара со заинтересираните клубови. Евентуално испаѓање на Леванте сигурно ќе донесе сценарио во кое тој ќе си замине“, пишува „Ел Дисмарк“.
Македонскиот фудбалер го засили Леванте во 2017 година за 1,5 милиони евра од Ујпешт, но најверојатно ќе си замине од тимот бидејќи му завршува договорот.