Барди, Трајковски и Димитриевски по трипати ќе бидат тестирани пред да играат во Ла Лига


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанската Ла Лига, каде што играат Енис Барди и Александар Трајковски, донесе нов план за продолжение на сезоната, а фудбалерите ќе мора да направат дури три теста на коронавирусот пред да играат во првенството.

„Ел Партидазо“ има документ кој Ла Лига го подготвила за клубовите и во кој се тврди дека сезоната ќе почне на крајот на мај, односно почетокот на јуни, а играчите ќе мора да се тестираат по трипати.

Сите три теста мора да бидат негативни, а првите ќе ги направат два дена пред враќање на активностите во клубот.

Потоа ќе биде направен вториот тест пред почетокот на групните тренинзи, а третиот пред самото првенство.

Секако, ниту во Шпанија нема да биде дозволено присуство на навивачи на натпревари, а забраната ќе трае барем неколку месеци.