Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот фудбалер Енис Барди се запиша во историјата на Леванте како четврти играч со најмногу настапи за шпанскиот тим.
Барди го имаше 126. настап за Леванте во дуелот против Атлетик Билбао, откако потпиша за клубот во 2017 година во трансферот вреден 1,5 милиони евра од Ујпешт.
Пред Барди на листата со најмногу настапи се Моралес со 223, Роџер има 159, додека Хуанфран има 153 настапи.
„Гордост е да се биде дел од историјата на овој клуб. Не е мала работа да бидете во друштво на Педро Лопез, Моралес, Роџер, Хуанфран…На Педро му кажав дека не ни сонував дека ќе дојдам до толку натпревари. Среќен сум во Леванте и ќе направам се за да останеме во лигата, навивачите го заслужуваат тоа“, кажа Барди.