Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Енис Барди, стана слободен агент откако го раскина договорот со Трабзонспор, известуваат турските медиуми.
Информациите од „Спортс Дигитал“ потврдуваат дека Барди ја заврши соработката со турскиот клуб, што го направи достапен за нови клубски обврски. Четири тима покажале интерес за неговите услуги – по два од Шпанија и Турција.
Еспањол и Рајо Валјекано се двата тима од Шпанија, додека од Турција, Башакшехир и Ејупспор. Се очекува дека тие наскоро ќе поднесат официјални понуди.