Барези: Интер е фаворит за Скудетото!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


В сабота од 18 часот се игра големото дерби меѓу Интер и Милан, а легендарниот Франко Барези ја кажа прогнозата за крајот на сезоната во Серија А.

Барези смета дека ова дерби доаѓа прерано во сезоната, но според него Интер е фаворит за титулата во калчолигата.

„Најверојатно овој дуел доаѓа прерано за Милан, но мора да го прифатиме тоа. Двете екипи се во добра форма. Интер почна моќно, имаат силен состав и често ни прават проблеми. Интер е фаворит за титулата, а Наполи и Јувентус исто така се тука. Се надевам дека Милан ќе остане конкурентен до крајот на сезоната“, кажа Барези.