Барнли се договори со Шалке за Чурлинов

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов во продолжение на сезоната ќе игра во Шалке, откако бундеслигашот се договори со Барнли.

Чурлинов го поминал првиот дел од медицинските тестови и наскоро треба официјално да биде потврден трансферот.

Македонецот во Шалке ќе игра на шестмесечна позајмица со опција да биде откупен за 2,5 милиони евра.