Барса или Баерн – кој ќе го добие еден од најдобрите бекови во Европа?!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Алехандро Грималдо е име кое се појавува на фудбалскиот пазар.

Според извештаите на каталонските, но и на германските медиуми, за Грималдо тргнуваат и Барселона и Баерн Минхен.

Шпанецот летово влегува во последната година од договорот и Баер Леверкузен ќе биде приморан да го продаде за да не си замине без отштета.

Каталонските медиуми истакнуваат дека во клубот се загрижени поради лошата форма на Алехандре Балде, кој оваа сезона не е ниту бледа сенка од играчот од претходната година, и веруваат дека Грималдо би можел да биде одлична опција на пазарот.

Не е тајна дека Грималдо има симболична откупна клаузула која изнесува меѓу 15 и 20.000.000 евра, но проблемот е што го сака и – Баерн Минхен.

Оваа вест ја потврди уредникот на Bild Кристијан Фалк, кој истакнува дека Венсан Компани смета дека Грималдо би бил одлично решение на левиот бек.

Во прилог на тоа оди и фактот дека Рафаел Гереиро ќе го напушти клубот бидејќи е во последната година од договорот, па јасно е дека Баерн ќе тргне по уште еден лев бек.

Грималдо пристигна во Баер летото 2023 година од Бенфика и под раководство на Ќаби Алонсо експлодираше и стана еден од најдобрите бекови, не само во Бундеслигата туку и во „топ-5 лигит“. Забележете го овој податок – Грималдо од доаѓањето во Германија одигра 114 натпревари со импресивен учинок од 27 гола и 37 асистенции.