Барса кружи околу Калдерон како змија околу пленот – СТОП за Кореа, но тука не е крајот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


И Каталонците знаат каде се калемат најдобрите напаѓачи.

Лионел Меси, Суарез и Нејмар. Недопирливи. Но, ни такво трио не е доволно за победи. Клуб каков што е Барселона мора да има и резервни фудбалери кои можат многу да придонесат. Меѓутоа, не е лесна задача да најдеш такви фудбалери. Доволно квалитетни, а спремни да седат на клупата и да чекаат шанса. Како што правеше Атлетико минатата сезона со Анхел Кореа. Идеален плен. Блауграна тргна во акција.

Според АС, Атлетико ги одби. Не сака да слушне. Анхел Кореа во дебитантската сезона во Мадрид прво имаше големи здраствени проблеми, па поради бројот на фудбалери надвор од ЕУ не беше регистриран. Во втората почна да игра, но на Висенте Калдерон во третата очекуваат да експлодира.

Диего Симеоне не се мислеше. Барселона е одбиена, на Кореа му е кажано да на него сериозно се смета кога ќе се врати од ОИ.

Меѓутоа, Барселона и понатаму кружи околу Калдерон. За резерва добар е и Луцијано Вието. А, тој е тип на фудбалер по вкус на Симеоне. Само 961 минута во Примера и 1 погодок. Јорганџиите не би имале ништо против да ги вратат вложените пари, а би можеле нешто и да заработат.