Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Мундо Депортиво ексклузивно пренесува дека капитенот на Валенсија Пако Алкасер е на чекор од преселба во Каталонија.
Не сака Гамиеро, Вието, Рондон и уште некој напаѓач, но затоа сака капитенот на Валенсија.
Пако Алкасер (22) е избран во престолнината на Каталонија да биде четврт напаѓач на Барселона во наредната сезона, објави Мундо Депортиво.
Влијателниот локален весник од претстолнината на Каталонија информацијата ја пласира под исклучиво ексклузивно во ова попладне со напомена дека клубовите се до поодминати преговори и дека се чека официјална реализација на трансферот.
Солидниот 22-годишниот напаѓач на Слепите Лилјаци е спремен за преселба на Ноу Камп, без оглед што таму го чека пеколна конкуренција за првиот тим и познатиот трозабец – Меси, Нејмар, Суарез.
Истотака, според наводите на Мундо, во целата операција ќе биде вклучен и младиот Мунир Ал Хадади кој ќе биде проследен во Валенсија најверојатно на едногодишна позајмица.
Претседателот на Слепите Лилјаци Петер Лим пред неколку дена претстојуваше во Барселона. Неговиот добар однос со претседалот на Блауграната Бартомеу и раководството на Каталонците не е мистерија, што се виде и неодамна при доведувањето на Андре Гомеш во шампионот на Шпанија.
Деталите од евентуалниот трансфер на Пако Алкасер во Барселона засега не е познат, но се знае дека неговата откупна клаузула изнесува 80 милиони евра.