Барселона доби нокаут на „Олд Трафорд“: Јунајтед со пресврт до триумф во Лига Европа (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед вечерва со пресврт славеше со 2-1 против Барселона и се пласираше во следната фаза на натпреварувањето.

„Црвените ѓаволи“ одлично го отворија мечот и на самиот старт имаа шанса која не ја искористи Бруно Фернандеш, по што казната стигна од контроверзен пенал кој го реализираше Роберт Левандовски.

„Ѓаволите“ играа одлично во вториот дел и веднаш израмнија на 1-1 преку Фред, по што Ентони стрелаше за целосен пресврт (2-1) и пласман во осминафинале.