Барселона доби нов спонзор – од 1 јули стадионот „Камп Ноу“ ќе има ново име!


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Шведскиот сервис за слушање музика „Спотифај“ од вечерва официјално е нов спонзор на Барселона, а договорот е потпишан до 2025 година.

Управниот одбор на каталонскиот гигант со месеци работеше на овој договор, а од вечерва е официјално.

Договорот ќе важи од 1 јули 2022 година, односно кога ќе заврши претходниот кој го имаа Барселона и „Ракутен“.

Во Барселона имаат големи планови за следното лето, па сакаат да ангажираат врвни фудбалери и да ја засилат екипата за да може да се бори за сите трофеи.

Новиот тренер Чави одлично го предводи тимот и остварува добри резултати на теренот, а многу се работи и во делот на маркетингот.