Барселона добила „корпа“ од двајца тренери


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Раководството на Барселона е во активна потрага по нов тренер затоа што планира наскоро да му врачи отказ на Ернесто Валверде.

Се чини дека искусниот стратег си ги потроши кредитите, па поразот од Атлетико Мадрид во полуфиналето од Суперкупот на Шпанија ја прели чашата и наскоро ќе стане поранешен тренер на Барселона.

Сепак, потрагата по нов предводник за Каталонците не оди според планот затоа што веќе добиле две корпи.

Чави и Роналд Куман, двајца тренери кои во играчките кариери го носеа дресот на Барса, одбиле да го водат клубот во овој период. Чави наводно побарал шест месеци да размисли и од на лето да го преземе тимот, па можно е Барселона да донесе тренер само до крајот на оваа сезона, а потоа да го назначи Чави.